Роналд Араухо ова лето би можел да ја напушти Барселона во случај на вистинска понуда.
Оваа вест ја пренесе извор близок до раководството на Барселона, каде песимизмот порасна во последните неколку дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, раководството на Барселона веќе извесно време го чека одговорот на Араухо на понудата за нов договор, но Уругваецот не се огласил. Покрај тоа, Араухо го игнорираше барањето на клубот што поскоро да дојде во Барселона на лекарски прегледи по новата тешка повреда што ја заработи на Копа Америка, поради која ќе биде надвор од терените шест до осум недели.
Араухо доброволно oдлучи да остане со својата репрезентација до крајот на турнирот и дури во понеделник ќе лета за Барселона. Односите се многу разнишани, а и покрај сето тоа, Араухо важи за еден од највредните на пазарот и клубови како Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед се подготвени да платат огромни пари за неговиот потпис.
Барселона во зимскиот преоден рок одби 80 милиони евра, а Баварците летово би можеле да ја зголемат таа понуда и доколку тоа се случи трансферот би можел да се реализира
Покрај повредите кои го придружуваат, Араухо беше на удар по елиминацијата од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, кога почна раздорот бидејќи клубот не застана на негова страна по нападот на критичарите.