Дома Фудбал Останато Шок за Зијеш: Му пропадна трансферот кај Роналдо – не ги поминал медицинските прегледи!

Шок за Зијеш: Му пропадна трансферот кај Роналдо – не ги поминал медицинските прегледи!

Како што стојат работите изгледа дека трансферот на Хаким Зијеш во Ал Наср пропаднал откако фудбалерот неочекувано не ги поминал медицинските прегледи.

Челзи и Ал Наср се договорија за условите на трансферот, меѓутоа кога изгледаше дека преостануваат само формалности се појавил неочекуван проблем. Зијеш не ги поминал прегледите и Саудијците се откажале од трансферот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мароканецот требаше да потпише договор до 2026 година, понудата за личните услови на Зијеш не беше објавена, но сигурно не станувало збор за мал договор. Сепак, Зијеш ќе остане без трансфер.

Интересно е што на Зијеш по вторпат му пропаѓа договорен трансфер, претходно во зимскиот преоден рок веќе беше виден во Париз, но документите тогаш не стигнаа на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нотингем Форест со понуда и кон Интер

Полуофанзивецот на Интер Давиде Фратези доби понуда од Нотингем Форест. Понудата е за заем…