Дома Фудбал Шок за Барселона: Додека се истражува скандалот, во „Ел Класико“ ќе им суди човек кој не можат да го смислат!

Шок за Барселона: Додека се истражува скандалот, во „Ел Класико“ ќе им суди човек кој не можат да го смислат!

Барселона во овој период е во центарот на вниманието поради скандалот кој се појави и корупцијата која ја истражува обвинителството (ТУКА), но сега имаат и уште една помала причина за грижа.

Утре Каталонците гостуваат кај Атлетик Билбао, а потоа ги чека „Ел Класико“ против Реал Мадрид. На центарот против „кралевите“ ќе биде судијата Хесус Хил Манзано кој важи за омразен во Каталонија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Статистиката покажува дека Манзано од сите судии и дал најмногу картони на Барселона. Тој е единствениот судија кој ги исклучувал: Меси, Нејмар и Луис Суарез.

Каталонските медиуми пишуваат дека Манзано секогаш и суди на Барселона кога има најголем притисок како што е сега.

Треба да се знае и дека четворица фудбалери од тимот на Чави стравуваат од суспензија за „Ел Класико“. По четири жолти картони имаат Бускетс, Кеси, Рафиња и Феран Торес. Во случај некој од нив да добие жолт картон против Билбао ќе го пропушти „Ел Класико“.

Исто така, поради повреда Осман Дембеле нема да му биде на располагање на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл за крај. Меси постигна два гола во последниот меч во Аргентина

АРГЕНТИНА ја совлада Венецуела со 3:0 во квалификациите за Светското првенство, а Лионел М…