Дома Фудбал Репрезентации Шок за Англичаните: Белингем може да биде суспендиран?!

Шок за Англичаните: Белингем може да биде суспендиран?!

Џуд Белингем, херојот на Англија би можел да го пропушти четвртфиналето против Швајцарија.

Ѕвездата на Реал Мадрид вчера во осминафиналето против Словачка, постигна одличен гол за израмнување во петтата минута од судиското надополнување и така ја спаси Англија од елиминацијата. Но, при прославата Белингем имаше недолични гестикулации така што во еден момент се фати за меѓуножјето и се сврте кон клупата на Словачка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се правдаше Белингем дека станувало збор за шега со неговите соиграчи кои биле блиску до словачката клупа, но сепак би можел да биде суспендиран.

Англичаните по продолженијата ја победија Словачка со 2:1, а за пласман во полуфиналето ќе се борат со Швајцарија. Дуелот меѓу Англија и Швајцарија се игра во сабота од 18:00 часот во Дизелдорф.

Отсуствотото на Белингем во тој натпревар сигурно би претставувало сериозен удар за „Гордиот Албион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …