Ламин Јамал со вчерашниот натпревар во дресот на Барселона стана рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите пред да наполни 18 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Младиот фудбалер беше стартер против Монако и го постигна единствениот гол во поразот на каталонците од 2:1.
За Јамал ова беше 11-ти натпревар во Лигата на шампионите пред да наполни 18 години и со по 10 ги остави зад себе Белинге, Јури Тилеманс и Ворен Заир-Емери кои останаа на десет.
Јамал исто така и вториот најмлад стрелец во Лигата на шампионите со 17 години и 68 дена. Рекордот тука го држи неговиот соиграч Ансу Фати со 17 години и 40 дена.