Дома Фудбал Италија Шок во Неапол, Милан одржа час по фудбал🎥

Шок во Неапол, Милан одржа час по фудбал🎥

Милан помалу изненадувачки го декласира Наполи со 4:0 на стадионот „Диего Марадона“ во натпревар од Серија А.

Ова е прв од трите меча кои двата ќе ги одиграат за десетина дена, а Наполи важеше за голем фаворит.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Милан целосно го надигра лидерот и од самиот старт најави дека е дојден по трите бода. Леао и Брахим Дијаз погодија за високи 2:0 во првото полувреме.

На стартот на вториот дел Наполи тргна фуриозно, но „росонерите“ го неутрализираа налетот на домаќините и прекуконтранапад зголемија на 3:0.

Конечните 4:0 ги постави Салемакерс, откако ја измеша целата одбрана на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maрсело без „влакна на јазико“ го откри најтешкиот противник: Роналдо или Меси?

Бразилецот Марсело, поранешниот ас на Реал Мадрид, изјави кој му беше најтежиот ривал меѓу…