Дома Останати Кошарка НБА Шок во НБА: Леброн заминува од Лејкерс?!

Шок во НБА: Леброн заминува од Лејкерс?!

Леброн Џејмс во наредните денови би можел да го напушти тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Според информациите на американскиот новинар на телевизијата КТЛ 5, Дејвид Пингалор, Леброн се наоѓа на листата играчи кои во наредните денови би можеле да ја променат средината.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наводно со оглед на тоа дека Леброн има 39 години газдата Роб Пелинк сакал да го трејдува за полека да почне да создава нови Лејкерси. Договорот на Џејмс истекува наредната сезона, па сигурно нема да го пушти така лесно.

Веста звучи неверојатно, но бидејќи е објавена од Пингалор тогаш не треба да се занемарува. Имено, станува збор за новинар кој од почетокот на кариерата го следи Џејмс, уште од времето во Кливленд во 2003 година.

Во 2012 година најави дека Џејмс две години подоцна ќе се врати во Кливленд и тоа се случи. Потоа и во 2018 година најави дека ќе пристигне во Лејкерс…Исто така го најави и доаѓањето на Кавај Ленард во Клиперс во 2019 година.

Рокот за трејдови во најсилната кошаркарска лига во светот е до 8-ми февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…