Дома Фудбал Шок во Мадрид: Реал скоро два месеци без двајца клучни играчи!

Шок во Мадрид: Реал скоро два месеци без двајца клучни играчи!

Реал Мадрид после успешниот старт на сезоната и освојување на два трофеи западна во тежок период.

Имено, на вчерашниот натпревар против Леванте „кралевите“ не само што останаја без два бода, туку и без двајца клучни фудбалери.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Марсело во судиското продолжение заработи црвен картон, а шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот може да добие суспензија помеѓу 4 и 6 натпревари затоа што го нагази протицничкиот играч.

На истиот натпревар се поведи и Карим Бензема, а денес после деталните прегледи беше утврдено дека францускиот напаѓач ќе отсуствува од терените 6 недели.

Она што сигурно ќе ги израдува навивачите на Реал Мадрид е враќањето на Кристиано Роналдо на мечот од ЛШ против Апоел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Арсенал и Сити, Тухел се налути, сите се прашуваат „што се случува со Роналд Араухо“? (Видео)

Крилниот напаѓач на Арсенал, Нони Мадуеке, се повреди на пријателскиот натпревар помеѓу Ан…