Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак беше фантастичен на теренот, меѓутоа остана и запаметен како голем губитник затоа што изгуби многу финалиња на големите натпреварувања.
Шампион на Германија стана уште на 21 година кога Кајзерслаутен приреди сензација во сезоната 1997/1998.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По шампионската титула се пресели во Лверкузен, па во Баерн од каде што потпиша за Челзи во Премиер лигата.
Но, по таа титула со Кајзерслаутен како да го следеше некое проклество. Со Леверкузен во 2001 година во неколку дена загуби три титули: Бундеслигата, Лига на шампиони и Купот. Со Баерн на домашна сцена освојуваше трофеи, но немаше среќа во меѓународните натпревари.
Како играч на Челзи изгуби во финалето од ЛШ во 2008 година, истата година со Германија изгуби во финалето на ЕП…
Во приватниот живот имаше многу авантури, меѓутоа сега информациите кои пристигнуваат од Германија се навистина шокантни. Имено, Балак наводно сега е во врска со Софија Шнајдерхан која има 21 година. Тука не би било ништо премногу чудно ако не се знае дека таа е поранешна девојка на неговиот починат син Емилио.
Емилио почина на 18-годишна возраст во 2021 година. Медиумите пишуваат дека тие биле забележани во јавноста и двајцата изгледале заљубено, Балак дури и ја бакнал Софија. Заедно се појавиле и на доделувањето на ФИФА наградите.