Тимот на Шкупи играше добро во есенскиот дел од сезоната и полусезоната ја заврши на втората позиција веднаш зад Шкендија, но сега остана без тренер откако Умит Каран ја прифати понудата од турскиот второлигаш Менеменспор.
Каран го имаше неговиот втор мандат во Чаир откако дојде на почетокот од сезоната, меѓутоа сега си заминува. Причината поради која заминува е ангажманот во неговата татковина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го доведов Шкупи до втората позиција, но сега имав други понуди и ја избрав онаа на Менеспор. Се договоривме и утре ќе потпише догвоор. Верувам дека успехот од Шкупи ќе го пренесам и таму. Во овој момент тимот е на 11. позиција, очекувам да оствариме подобри резултати“, изјави Каран.