Тимот на Шкупи продолжува со промените во своите редови и нов напаѓач на тимот од Чаир е Пепи Ѓорѓиев.




Ѓорѓиев доаѓа од редовите на Академија Пандев каде што ги помина изминатите шест месеци. Во дресот на клубот од Струмица одигра 15 натпревари и постигна пет голови. Минатата година Ѓорѓиев беше дел од Теута, а во кариерата настапуваше уште за Силекс, Беласица, Брегалница и Кожув.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Во претходните денови Шкупи го напуштија повеќе фудбалери како: Радески, Стоилов, Чешмеџиев, Иљази, Исмаили, Ѓурковски, Ѓорѓиевски и Рватубиаје.