Дома Фудбал Останато „Шкупи би ни бил потежок противник, Седлоски не познава и ќе направи се да ни биде тешко“

„Шкупи би ни бил потежок противник, Седлоски не познава и ќе направи се да ни биде тешко“

Денешната ждрепка во Нион сакаше потенцијален ривал на Шкупи во второто коло да биде хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Шкупи во првото коло ќе игра против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а ако го елиминира ќе оди на двомеч со Динамо Загреб. Свој коментар по денешната ждрепка даде и стратегот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Чачиќ не го потценува Шкупи и посочи дека добро знае како е да се гостува во Скопје.

„Со секој противник ќе пристапиме максимално сериозно, никого нема да потцениме. Јасно е дека Динамо е поквалитетен, но мораме да бидеме подготвени. Ниту еден противник не е лесен, мислам дека Шкупи би ни бил потежок. Таму теренот е „жежок“, ги предводи Гоце Седлоски кој е поранешен играч и тренер на Б екипата на Динамо. Добро не познава и ќе направи за да ни ја отежни работата“, изјави Чачиќ.

Инаку, Седлоски како тренер на Вардар ги водеше црвено-црните против Динамо Загреб во 2016 година, тогаш Динамо во Скопје славеше со 1:2, а дома со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не се памети: Неверојатна грешка на докторите – кариерата на Мбапе висела на „конец“

Незаборавен скандал го потресе Мадрид. Кариерата на Килијан Мбапе можеше да заврши во миг …