Веројатно најоригиналната најава за финалето на Европското првенство ни пристигнува од Шкотска.
Медиумот „Тhe National“ од оваа земја го привлече вниманието со пораката за шпанскиот тим пред мечот за титулата шампион на Европа. Шкотите кој познато е дека не ги сакаат Англичаните бараат Шпанија да им се „одмазди“ на Англичаните за се што прават во нивната земја со години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Секое лето ви ги полнат вашите плажи и го пијат вашето пиво. Прават хаос во вашите трговски центри. Јадат пржена храна и покрај вашата прекрасна домашна кујна. Се повлекуваат во вашите села кога ќе одат во пензија и ги користат јавните услуги. Не се трудат ниту да го научат шпанскиот јазик. Сега, е време за одмазда“, пишува „Тhe National“.
Во продолжение на апелот пишува уште:
„Нашатап орака за Шпанците е: Спасете не од победа на Англија (или нема да има крај на нивното славје).
На насловната страна стои и фотографија на која е прикажан играчот за врска Родри како шутира англиски турист.
Шкотите секако алудираат на повеќегодишната инвазија на англиски туристи во шпанските летувалишта и затоа ги повикуваат да возвратат на теренот.
The National front page is just plain nasty.
— ReducedCapacity (@ReducedCapacity) July 13, 2024
I'm 99% behind England on Sunday.
1% is hoping I wake up in an alternate universe and Scotland is in the final. pic.twitter.com/gmsr1V8ADD