Eкипата на Борац Бања Лука во натпревар кој го одбележа скандал славеше на пенали против албанска Егнатија, а херој беше македонскиот голман Дамјан Шишковски.
Фудбалерите на Борац од БиХ во 13. минута го напуштија теренот поради на навредливото скандирање кон Србија. Од трибините се слушаше „Убиј го Србинот“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По краткиот прекин натпреварот продолжи и во него Егнатија победи со 2:1 и тоа беше доволно за продолженија. Во продолженијата не видовме погодок, па патникот во следното коло се решаваше на пенали.
Шишковски во третата серија од пенал-рулетот одбрани дури два пенали против Егнатија. Првиот пат излезе порано од гол-линијата и мораше да се повтори ударот од белата точка, но одново беше на висина на задачата. Од друга страна фудбалерите на Борац беа перфектни и ги реализираа сите удари.