Ливерпул во саботата одигра само 1:1 против тимот на Барнли, а после ова реми менаџерот Јирген Клоп доби и критики од англиската легенда Алан Ширер.
Брендан Роџерс заработи отказ во Ливерпул, а на негово место пристигна Јирген Клоп, но Алан Ширер смета дека не гледа некој голем напредок од кога Германецот е на клупата на клубот од „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од кога Клоп го предводи Ливерпул, „црвените“ примија 73 погодоци на 91 натпревар, додека во времето на Роџерс Ливерпул на исто толку натпревари прими четири погодоци помалку.
„Ливерпул не е ништо подобар под водство на Клоп, отколку што беше кога го предводеше Брендан Роџерс. Она што можев да го видам во саботата беше смешно. Се прашувам што ли прават на тренинзите кога од натпревар во натпревар ги повторуваат истите грешки во одбраната“, напиша Ширер.
Навивачите на Ливерпул секако дека ќе бидат лути на коментарот на Ширер, посебно ако се знае дека тоа е напишано за „The Sun“ кој е најомразен медиуми во Ливерпул уште од Хилсброу.