Прославениот англиски фудбалер Алан Ширер смета дека менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер му должи објаснување на фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.
Да потсетиме, Венгер верува дека Стерлинг симулираше кога судијата покажа на белата точка во дуелот на двата тима кој во неделата заврши со победата на „граѓните“ од 3:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тоа не беше пенал. Сите знаеме дека Стерлинг симулира, тоа го прави многу добро“, изјави Венгер.
Меѓутоа Алан Ширер има сосема поинакво мислење.
„Немаше симулирање и беше пенал. Една работа е Венгер да го насочи вниманието кон нешто друго, а не кон лошата игра на својот тим. Но сосема е нешто друго да се доведува во прашање нечиј интегритет. Сметам дека Венгер му должи извинување на Стерлинг“, изјави Ширер.
Арсенал после четвртиот пораз оваа сезона падна на шестото место на табелата со 19 бодови, 12 помалку од лидерот Манчестер Сити.
Наредниот натпревар тимот на Венгер го игра на 18 ноевмри кога во градското дерби го пречекува Тотенхем.