Дома Топ вести Шест дена пред смртта Виланова го убедил Меси да остане во Барселона!

Шест дена пред смртта Виланова го убедил Меси да остане во Барселона!

Вчера се навршија точно пет години од смртта на бившиот тренер на Барселона, Тито Виланова.

Неговиот помошник, Жорди Роура откри интересни детали за каталонските медиуми од миговите пред смртта на Виланова.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Точно пред пет години Меси бил разочаран од многуте критики на своја сметка и сериозно размислувал да го напушти „Камп Ноу“ после поразот во Купот на кралот од Реал Мадрид.

„Шест дена пред неговата смрт се сретнаа и разговараа. Полсе таа средба Лео го промени мислењето. Тито му објасни нешто кое претходно Меси не можеше да го види и не му беше јасно“, изјави Роура, кој стана шампион на Шпанија менувајќи го болниот Виланова.

„Двајцата разговараа долго, средбата траеше со часови. Не знам што точно си кажале, но Лео после тоа донесе одлука да остане. Се надевам дека ќе биде во Барса уште долги години“, додаде Роура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …