Легендата на НБА, Шекил О’Нил во интервју за германски „Билд“ истакна дека европската кошарка по квалитет стигнала до НБА лигата и дека разликите кои некогаш постоеле веќе не се толку изразени.
О’Нил верува дека европските тимови сега можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите тимови во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги гледав натпреварите на Светското првенство во Манила и не сум изненаден што Германија го победи САД. Кога играв бевме далеку пред Европа, но тоа се промени. Сигурен сум дека репрезентацијата на САД нема да освои злато на Олимпијадата 2028 во Лос Анџелес“, рече тој.
Тој особено ја истакна Србија како нација која има потенцијал да направи големи работи на претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„Леброн Џејмс повеќе нема да игра, веројатно ниту Кевин Дурант ниту Стеф Кари. Не гледам дека тие што доаѓаат можат да ја продолжат својата доминација. Европските тимови се многу добри. Србија, Хрватска и Германија, сите можат да освојат злато на Олимпијадата во 2028 година“, истакна легендарниот кошаркар.
Да потсетиме, репрезентацијата на САД славеше на неодамнешните Олимписки игри во Париз, совладувајќи ја Франција во финалето.Пред тоа во драматично полуфинале Американците се соочија со Србија и едвај успеаја да победат.