Aндреј Шевченко во голем стил како селектор ја одведе Украина на Европското првенство. Украина го освои првото место во групата Б со шест победи, два нерешени натпревар и без пораз.
Легендарниот Шева работи одлично во татковината, а истовремено и следи што се случува во неговиот Милан каде што ги помина најдобрите денови од кариерата. Милан ги минува едни од најтешките моменти во својата историја и во овој момент се наоѓа на 14-тата позиција во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Паоло Малдини и Звонимир Бобан се обидуваат да го доведат Златан Ибрахимовиќ кој сигурно би бил големо засилување, како во нападот, така и како лидер во соблекувалната. „Росонерите“ на 38 годишниот напаѓач му понудија шест милиони евра за 18 месеци. Шевченко има јасна порака до Милан.
„Ако се врати во Италија верувам дека може да пружи многу на теренот. Тој е одличен играч со голема самодоверба. Каде и да играше беше одличен и може многу да му помогне на Милан. Неговото враќање во Милан значи и дека превзема одговорност“, порача вториот најдобар стрелец во историјата на Милан.