Легендарниот напаѓач Андреј Шевченко е нов тренер на Џенова, потврди денес најстариот италијански клуб.
Шевченко потпиша договор со Џенова до јуни 2024 година со годишна нето плата од два милиони евра плус бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шевченко беше селектор на Украина, позицијата ја напушти по завршувањето на Европското првенство и ова за него ќе биде прв тренерски ангажман во клуб.
Помошник на Шевченко ќе му биде неговиот соиграч од времето кога настапуваше за Милан, Мауро Тасоти, а ќе дебитира во Серија против Рома после репрезентативната пауза.
— Andriy Shevchenko (@jksheva7) November 7, 2021