Шведска и Полска го одиграа еден најнеинтересните натпревари во досегашниот дел од Европското првенство затоа што целиот меч помина без неизвесност со голема доминација на Швеѓаните.
На крајот Шведска ја доби Полска со 28:18, откако на полувремето беше 14:6. Полска не одигра скоро ништо и правеше почетнички грешки, едвај стигнуваа до позиција за гол. Тоа што постигнаа само шест гола во првото полувреме доволно зборува каков натпревар играа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шведска ги казнуваше сите грешки и од минута во минута ја зголемуваа предноста. Во последните минути гледавме една опуштена Шведска, во спротивно разликата веројатно ќе беше и поголема.
Со оваа победа Шведска останува во игра за место во полуфиналето, додека Полска ги загуби сите шанси за повисок пласман.