Лео Меси се спремаше да го прими трофејот за светски шампион од претседателот Џани Инфантино, но тогаш се случи момент кој привлече внимание.
Катарскиот шеик Тамин бин Хамад Ал Тани го наметна Меси со црна наметка. За која подоцна се објасни дека станува збор за наметка која катарските државјани ја носат во свечени прилики. (ТУКА).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквиот потег на емирот од Катар беше причина за критики на друштвените мрежи и од спортските коментатори. Истакнуваат дека тоа што го направил е наметливо и укажуваат дека на Меси баш и не му беше пријатно што беше облечен во такво нешто.
Еден од оние на кои тоа не му се допадна е и Бастијан Швајнштајгер.
„Катарскиот шеик со тој потег му го украде најголемиот момент во неговата кариера. Очигледно беше дека на Меси тоа не му се допадна, исто како и мене што не би ми се допаднало.
Ако сакаа да оддадат почит кон локалната традиција можеа тоа да го направат подоцна во соблекувалната“, изјави фудбалерот кој во 2014 година со Германија се искачи на светскиот трон откако во финалето беа подобри токму од Аргентина.