Вчера Аргентина ја победи Франција во финалето и ја освои толку посакуваната светска титула, а при доделувањето на пехарот вниманието на јавноста го привлече црната наметка која емирот на Катар, Тамим ибн Хамад Ал Тани му ја подари на Меси.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По реакцијата можеше да се види дека Меси прво не сфати како се носи, па потоа му беше покажано и со неа го крена трофејот.




Станува збор за наметка која го носи името бишт и се носи преку таканаречната гандура, традиционална зимска облека во Катар.










Бојата на оваа наметка може да биде црна или кафена. Некогаш е извезена и со златна боја што означува дека лицето што ја носи е од благородничко семејство.




Вообичаено се изработува од влакна од камила, а мажите ја носат во посебни прилики: Свечени приеми, прослави, церемонии, свадбени веселби…




Бишт кој го носеше Меси беше ист со оној на емирот од Катар и тоа за оваа држава има голема важност.




Затоа што ова беше најважниот момент во историјата на Меси и сите кои некогаш ќе ги гледаат овие фотографии ќе се потсетуваат и на државата Катар.








