Како што стојат работите изгледа дека Бразилецот, Алекс Сандро ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.
Сандро има договор со Јувентус до 2020 година. Сепак, иако интерес за продолжување на соработката постоеше извесно е дека овој фудбалер на лето ќе је промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес во италијанските медиуми се појави информација за барањата на Сандро кои не им се допаднале на првите луѓе на „старата дама“.
Наводно, Сандро кој во овој момент добива плата од 2.8 милиони евра сакал да биде повеќе платен од Миралем Пјаниќ и Паоло Дибала, што од Јувентус без размислување го одбиле неговото барање.
Најплатен во Јувентус е Роналдо со 30 милиони евра годишно, додека годишната плата на Пјаниќ и Паоло Дибала изнесува 6.5 милиони евра.
Бразилецот и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а неодамна истакна и дека еден ден би сакал да игра на Островот.
https://www.youtube.com/watch?v=HObI1JL2iKM