Дома Фудбал Англија Шампионската титула „чекирана“ – Батшуаи стави печат на трофејот за Челзи

Шампионската титула „чекирана“ – Батшуаи стави печат на трофејот за Челзи

Фудбалерите на Челзи во 36.коло ја заверија шампионската титула во Премиер лигата, за сезоната 2016/2017.

Екипата на Антонио Конте, во првиот натпревар од 36.коло, во Бирмингем го совлада ВБА со 0:1 (0:0).

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Херој на Челзи е Белгиецот Мичу Батшуаи, кој како резерва влезе во игра во 75.минута, а осум минути подоцна го постигна единствениот гол на натпреварот.

Белгискиот репрезентативец, платен 39 милиони евра, до овој натпревар одигра само 117 минути во Премиер лигата, но со својот гол ги реши сите дилеми во шампионската трка.

Челзи до крајот на сезоната има да одигра уште два натпревари, но веќе има 87 бодови, десет повеќе од Тотенхем, кој до крајот на сезоната ќе одигра уште три натпревари, но веќе нема ниту теоретски шанси да ја стигне бодовната предност на „сините“.

Антонио Конте во својата деби сезона на „Стенфорд Бриџ“ ја донесе шесттата шампионската титула, односно петтата во последните 13 години, кога започна ерата на Роман Абрамович.

Италијанскиот стратег, во кариерата има три титули во Италија со Јувентус, тој воедно е четвртиот тренер во историјата на Премиер лигата кој во деби сезоната ја освои шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Емотивен крај на ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид

Пред почетокот на Светското клупско првенство, кое заврши синоќа, се знаеше само едно, а т…