Во само половина час два пати беше срушен светскиот рекорд во скијашките скокови.
Во Норвешкиот Вукерсунд пред две години беше поставен светски рекорд, а тоа го направи Андрес Фанемел пред своите навивачи со скок од 251,5 метри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, вчера на истото место прво Роберт Јохансон прелета 252 метри и го сруши светскиот рекорд за половина метро. Беше тоа чудесен скок на Норвежанецот, но ни тој сам не веруваше дека само после половина час наговиот резултат ќе биде соборен.
Токму тоа го направи Стефан Крафт од Австрија, кој имаше неверојатен скок од 253,5 метри и постави убедлив светски рекорд. Никој не можеше да верува, па ни самиот Крафт кој направи чудо!