Дома Фудбал Чудо во најава: Перез најави ултра промени, еден нов Реал Мадрид!

Чудо во најава: Перез најави ултра промени, еден нов Реал Мадрид!

Шпанските медиуми блиски на Реал Мадрид наведуваат дека претседателот на клубот, Флорентино Перез има пеколен план по кој потполно ќе го промени тимот во следните месеци.

Дон Балон тврди дека на трансфер листата на Кралевите се ноѓаат играчи, меѓу кои се и најголемите ѕвезди Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Лука Модриќ и Герет Бејл.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реал се чини веќе се откажа оваа сезона. Титулата во Шпанија е неодбранлива поради минусот од 19 бодови зад Барселона, испаднаа од Купот на Кралевите, а остана само да се борат уште во Лигата на шампионите.

Затоа следната сезона Перез на чело со Зидан, во кој има огромна доверба, тргнува во потполна реконструкција на тимот, па од лето би можеле да следиме нов Реал.

Прв на листата желби е Еден Азар од Челзи. Одамна Белгиецот се поврзува со Кралевите, а како што се наведува, Плавите се подготвени да ги испратат и Кристијано Роалдо, што би била најголемата фудбалска размена некогаш.

Втора желба е фантастичниот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн. За чудесниот стрелец Перез исто така е подготвен да понуди играчи и тоа Лука Модриќ и Герет Бејл. Покрај нив, во Лондон би испратил и одредена количина на пари.

Не е само Кејн тој кој го посакува Перез. Како што се наведува во редовите на Кралевите би можеле да пристигнат и Деле Али и Кристијан Ериксен, но прашањето е дали од челниците на Тотенхем ќе добијат позитивен одговор.

Исто така, на излезна врата се и Карим Бензема, Тони Крос и Марсело, а во тимот имаат намера да остават играчи кои имаат 25 години. Делува неверојатно, но Реал правел чуда и во минатото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…