Дома Трансфер зона „Чудото од дете“ на Борусија конечно прифати нов договор

„Чудото од дете“ на Борусија конечно прифати нов договор

Според последните информации 18-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко кој важи за еден од најдобрите во светот во овој момент се согласил да потпише нов договор.

Долго време траеше сагата помеѓу „милионерите“ и Мукоко на крајот фудбалерот прифатил да стави потпис на нова соработка.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Германските медиуми најавуваат дека Мукоко ќе заработува сума од околу 3.5 милиони евра по сезона, а би можел да потпише договор до 2026 или 2027 година.

Менаџерот на Мукоко првично бараше шест милиони евра по сезона за неговиот клиент да остане, но во Борусија не помислуваа да издвојат толку, па во таква ситуација младиот фудбалер ќе мораше да бара нова средина.

Интерес за Мукоко имаше, се поврзуваше со Барселона, Ливерпул, Баерн Минхен…Со 16 години тој стана најмладиот дебитант во историјата на клубот од „Вестфален“.

Инаку во јавноста пред неколку дена се појавија сомнежи за годините на Мукоко. Дел од медиумите тврдеа дека фудбалерот има 22 години, а не 18 како што се официјалните податоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …