Дома Фудбал Репрезентации „Чудото од дете“ на Борусија испиша историја во германската репрезентација

„Чудото од дете“ на Борусија испиша историја во германската репрезентација

Германската репрезентација не блескаше на последниот подготвителен натпревар пред Светското првенство. „Панцерите“ со многу мака го совладаа Оман со 1:0, голот го постигна резервниот напаѓач Никлас Фулкруг на десет минути пред крајот на натпреварот.

Сепак, по натпреварот во центарот на вниманието се најде младиот напаѓач на Борусија Дортмунд Јусуфа Мукоко.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, младиот центарфор на Борусија Дортмунд се најде во стартниот состав на избраниците на тренерот Ханси Флик и на тој начин дебитираше за националниот тим.

Со 17 години и 361 ден, Мукоко стана најмладиот дебитант во германската репрезентација по легендарниот Уве Зелер, кој за репрезентацијата дебитираше 16 дена помлад, на Светското првенство во 1954 година, каде Германците го освоија светскиот шампионат.

Западна Германија во финалето ја совлада Унгарија со 3:2, иако во групата загуби со убедливи 8:3 од истата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…