Дома Фудбал Италија Чудни времиња во Италија: Ањели го поддржува Морати за претседател на Федерацијата!

Чудни времиња во Италија: Ањели го поддржува Морати за претседател на Федерацијата!

Претседателот на Јувентус, Андрес Ањели ќе го поддржи бившиот претседател на Интер, Масимо Морати да застане на чело на Италијанската фудбалска федерација.

Оваа информација која ја пренесоа италијанските медиуми ја изненади фудбалската јавност, со оглед на фактот што семејството Морати важи за најголем ривал на Јувентус и не е во добри односи со семејството Ањели.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, поради непознати причини Андреа Ањели има голема желба Морати да победи на избороти и цврсто се залага да стане прв човек на италијанскиот фудбал.

Морати моментално е надовор од фудбалот откако го продаде миланскиот гигант, но јасно се декларира како фан на Интер и често му пружа поддршка на „нероаѕурите“.

Изборот за нов претседател на Италијанската фудбалска федерација ќе се одржи на 22-ри октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот откри дали зборувал со сопствениците на Ливерпул по вчерашниот пораз

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот одржа прес-конференција по вчерашното фијаско против ПСВ А…