Дома Фудбал Англија Чудна традиција во Премиер лигата: Треба ли Арсенал да е среќен што е прв за Божиќ?

Чудна традиција во Премиер лигата: Треба ли Арсенал да е среќен што е прв за Божиќ?

Навивачите на Арсенал се во еуфорија откако нивниот тим остана непоразен на „Енфилд“ и така го задржа лидерското место на табелата, но интересно е што таквата традиција не им оди во прилог.

Имено, Арсенал од формирањето на Премиер лигата во 1992 година има три шампионски титули, но ниту една од тие три не била освоена кога тимот бил лидер на табелата за Божиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој период се смета за еден вид пресек во англискиот фудбал, иако многу пати се покажало дека нема преголемо влијание за конечниот исход на крајот од сезоната.

Почнувајќи од таа 1992 година Арсенал трипати бил прв на Божиќ и ниту еднаш од тие три сезони не станал шампион. Во 2003 година „топџиите“ завршиле како второпласирани, во 2008 завршиле како трети, а лани беа исто така втори.

Иста е ситуацијата и ако се оди поназад пред формирањето на денешната Премиер лига. Лондонскиот клбу не освои титула во последните пет сезони кога бил првопласиран на Божиќ.

Кога во прашање е Манчестер Сити кој во последните 11 години освои седум титули, „граѓаните“ дури четири пати не биле први за Божиќ, а сепак ја освојувале титулата на крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …