Според она што го пишува „ЕСПН“ доколку Манчестер Јунајтед не го продолжи договорот на Кавани ќе треба да му исплати два милиони евра.
Во последниот ден од преодниот рок Кавани пристигна на „Олд Трафорд“ и стави потпис на договор на една година, со опција тој дополнително да се продолжи на уште една.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна Солскјер изјави дека е задоволен, но дека ќе преговараат за тоа дали ќе има продолжување на договорот.
„Во овој момент можам да кажам дека на Едисон му оди добро, тој одлично се вклопи во тимот. Ќе дојде време ќе седнеме и ќе разговараме за договорот. Ние ќе ги кажеме нешите планови, тој неговите“, изјави Солскјер.
Сега медиумите објавија дека во договорот на Кавани има клазула според која Јунајтед ќе му плати компезација од два милиони евра ако не му го продолжи договорот.