Ракометната репрезентација на Данска ќе игра во финалето на Олимписките игри против Франција.
Французите претходно денес го победија Египет, а подоцна Данска предводена од Микел Хансен ја доби Шпанија со 27:23.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данците подобро го отворија денешниот меч, имаа два гола разлика на почетокот за на полувремето веќе да направат пристојна разлика од четири гола.
Данска константно беше во предност од три или четири гола, но „Фуријата“ не се откажуваше. Во последните десетина минути дојдоа на минус два 20:22.
Шпанците потоа постигнаа гол за 22:21 и направија вистинска драма, Душебаев пропушти прилика да донесе изедначување. После серијата промашувања на двете страни Хансен постигнува гол од седум метри. Дека Данска ќе игра во финалето почна да станува јасно кога на истекот на 57 минута гол постигна Мадс Менсах за 25.22.
Хансен беше далеку најдобар во редовите на Данска и постигна 12 гола. Пет постигна Гидсел, Душебаев исто толку за Шпанија, какои Фигуерас Трејо.