Македонскиот повремен репрезентативец во изминатиот период имаше чудна трансфер активност.




Имено, денес тој беше претставен како засилување на Мезокевешд, ништо немаше да биде чудно ако не стануваше збор за клубот од каде што си замина пред само две недели.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Она што е посебно интересно е што Бабунски потпишал договор со важност до јуни 2025. Во редовите на Мезокевешд дојде оваа година по заминувањето од Дебрецен.




За трите месеци во клубот не пропушти ниту еден натпревар и ги одигра сите осум првенствени и еден натпревар во клубот. Сепак клубот објави дека си заминува и покрај завидната минутажа.




Сега покажува дека му верува на македонскиот интернационалец кој претходно играше за Ботошани, Фарул, Јокохама од Јапонија, Омија…



