Дали овој човек е клуч за успех во Премиер лигата? Неговиот неверојатен учинот тоа и го покажува…
Н’Голо Канте минатата година имаше неверојатна сезона со Лестер, кога на големо изненадување ја покори Англија. „Лисиците“ на крајот на 10 бода предност пред второпласираниот, а експертите се сложуваат дека Французинот бече клуч за успехот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Канте оваа сезона пристигна на „Стенфорд Бриџ“ и предизвика тектонско пореметување во резултатите на двата тима.
Имено, Челзи минатата сезона беше на средина на табелата, а сега се на самиот врв. Канте играше на секој натпревар за „сините“ оваа сезона. Од друга страна, шампионот Лестер без Французинот е поблиску до испаѓење отколку до врвот.
Од кога Канте дојде во Англија, двата тима заедно имаат 67 бода на 55 натпревари на кои тој не играше, а дури 120 бода на 53 натпревари на кои Французинот беше на теренот.
Овој огромен збир на бодови го става Канте на прво место по важност во Премиер лигата, па со право на Островот го нарекуваат „човек-титула“.