Дома Фудбал Останато Човекот кој пропушти да ја освои ЛШ со Порто: Мурињо ми кажа дека сум ретардиран

Човекот кој пропушти да ја освои ЛШ со Порто: Мурињо ми кажа дека сум ретардиран

Португалецот Кандидо Коста во фудбалот ќе остане запаметен по грешката која ја направи во 2003 година.

Тој во 2003 година на своја рака сакаше да замине од Порто на позајмица во Викторија Сетубал. Се покажа подоцна дека тоа е голема грешка затоа што замина пред сезоната во која Порто ја освои Лигата на шампионите.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во тоа време имаше само 21 година. Играше за младата репрезентација на Португалија, но кај Мурињо не добиваше шанса во првиот состав. Затоа инсистираше да оди на позајмица, па еден ден во летото 2003 година со тој повод дојде во канцеларијата на Мурињо.

„Имав само 21 година кога дојдов кај Мурињо во 2003 година. Го прашав да ме пушти да заминам. Кога му кажав што сакам ми одговори дека сум ретардиран“, се потсети Коста.

Од денешен аспект може да се заклучи дека ја направи и најголемата грешка во кариерата.

„Бев глуп, навивачите ме сакаа, бев важен играч во младата репрезентација на Порто, а во Порто не играв.  Сакав да играм затоа што имав две солидни сезони зад себе и мислев дека тоа се моментите кои ќе ја обележат мојата кариера. Сепак заминав, а кога се вратив Мурињо веќе беше во Челзи. Порто таа година ја освои Лигата на шампионите, а јас не бев со екипата“, раскажа Коста.

До крајот на кариерата не се прослави. Играше најмногу во помалку познатите португалски клубови, а кариерата ја заврши пред пет години во екипата Оверенсе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хакан Чалханоглу останува во Интер, пресече претседателот

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, стави крај на шпекулациите околу можниот трансфер н…