Дома Трансфер зона „Чистка“ во Реал: Три ѕвезди ги спакуваа куферите

„Чистка“ во Реал: Три ѕвезди ги спакуваа куферите

Капитенот на Реал Мадрид, Марсело го известил раководството дека сака да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марсело има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, но го замилил Реал да му дозволи да замине во јануарскиот преоден рок.

33-годишниот лев бек кариерата ќе ја продолжи во Бразил, каде за неговиот потпис се борат Флуминенсе и Ботафого.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез нема намера да му застане на патот на Марсело и е спремен да го пушти во јануари.

Реал сака да се ослободи од неколку фудбалери кои земаат големи плати, па на крајот на сезоната сигурно ќе си заминат Иско и Герет Бејл, на кои им завршува договорот со „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…