Дома Топ вести Чистка во Барса, деветмина заминуваат!

Чистка во Барса, деветмина заминуваат!

Како што пренесува каталонски „Спорт” на својата насловна, екипата на Барселона е спремна да се откаже скоро од половина од своите првотимци.

Први на листата се Жереми Матје и Арда Туран, кои сигурно ќе бидат продадени, само се чекаат добри понуди. Пота следат Андре Гомеш и Рафиња, кои не се надеваат на голема минутажа после заминувањето на Луис Енрике, а слична е ситуацијата и со Пако Алкасер кој не ги оправда вложените 30 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бековите Лукас Дињ и Видал не се покажаа квалитет за каталонскиот гигант, па и тие се слободни да си заминат. Изненадувачки е што Барса размислува за продажба на Денис Сурез кој минатото лето беше вратен на „Ноу Камп“ за три милиони евра.

Последен на оваа листа е резервниот голман Силенсен, кој добиваше мала минутажа, но и таа што ја имаше не ја искористи на добар начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…