Дома Фудбал Останато Чиле или Перу: Кој ќе оди во големото финале?

Чиле или Перу: Кој ќе оди во големото финале?

Вториот полуфинален натпревар од Копа Америка ќе се игра помеѓу Чиле и Перу и слободно може да кажеме дека ниту едните, ниту другите ги очекувавме овде. Овој натпревар е закажан за вечер во 02:30 после полноќ.

Чиле: Фантастичен турнир!

Иако Чиле два пати по ред го освои ова првенство, малку се луѓето кои очекуваа дека оваа селекција ќе стигне толку далеку и оваа година. Имено, евидентно е дека повеќе не е таа селекција, бидејќи цела година беа надвор од форма, но рака на срце им се наредија коцките. Чиле оствари две лесни победи во првиот дел, а потоа на последниот натпревар во групната фаза доживеаа пораз од Уругвај. Во ¼ финалето ја елиминираа Колумбија, селекцијата која прикажа фантастични партии фудбал. Во тој дуел, Чиле исклучително паметно се постави и цело време чекаа контра напад.

Перу: Ова никој не го очекуваше!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мора да признаеме дека сме изненадени од тоа дека Перу стигна толку далеку на овој турнир, па дефинитивно и ја заслужија титулата најпријатното изненадување на овој турнир. Интересно е дека Перу имаше доста сличен пат до ова полуфинале како и денешниот противник. Се започна со реми против Венецуела, па потоа ја победија Боливија на најважниот натпревар за нив и веќе за крај на групната фаза следеше катастрофалниот пораз од Бразил со 5-0. Во ¼ финалето ги пречека Уругвај кој секако беше фаворит на тој дуел, но Перу успеа да направи сензација и да се пласира во ½ финалето од ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…