Габонскиот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг ќе има неколку опции после завршувањето на актуелната сезона.
Овој напаѓач е член на Арсенал од јануари 2018 година, а сега се почесто се споменува дека ќе ги напушту „топџиите“ поради тоа што Арсенал веќе неколку години не е во можност да се бори за трофејот во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Обамејанг важи до летото наредната година и ако има желба да си замине Арсенал веројатно ќе го пушти за да него изгуби бесплатно наредното лето.
Како што пренесува „Тутоспорт“ за услугите на Обамајагн се интересираат четири клубови, Манчестер Јунајтед, Интер, Барселона и ПСЖ.
Сите тие екипи ќе бидат во потрага по напаѓач на лето, а Обамејанг од друга страна изгледа како одлична опција бидејќи влегува во последната година од договорот.
Габонецот на лето ќе наполни 31 година, меѓутоа и покрај тоа се уште игра одлично сезонава до сега постигна 20 голови.