Хрватска денес во интересен натпревар го победи Исланд со резултат 31:27.
После натпреварот Лино Червар порача дека бил задоволен од играчите, иако истакна дека неговите играчи имале некои лоши периоди во натпреварот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Не очекував лесен натпревар, знаев дека ќе биде тешко. На почетокот не игравме добро, лесно им дозволувавме да создаваат шанси. Во вториот дел одигравме подобро во одбраната. Сепак, кога се ќе се погледне мислам дека заслуживме да победиме. Победивме, но ова е само еден натпревар, два бода и тоа не значи многу ако не играме добро во следните натпревари“.
Потоа Червар доби прашање и за Македонија.
„Ја почитувам Македонија, тие се одлична репрезентација. Меѓутоа натпревар во понеделник е далеку, претходно треба да одиграме уште еден натпревар“, гласеше одговорот на Червар.