Немања Матиќ денес замина од Челси што значи дека „Плавите“ на средината имаат простор за доведување на централен играч за врска кој би претставувал сериозна конкуренција за Н’Голо Канте и Бакајоко.
Покрај доведувањето на Бакајоко од Монако, менаџерот на „Плавите“, Антонио КОнте сака уште еден централен играч за врска, а според информациите на Скај Спорт, првиот кандидат за оваа позиција е 27-годишниот фудбалер на Лестер, Дени Дринквотер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Англија е еден од убедливо најдобрите фудбалери на „Лисиците“ во последните две сезони, а посебно извонреден беше во сезоната 2015/16 кога го предводеше тимот од „Кинг Пауер“ до историската шампионска титула во Англија.
Ја мина младинската школа на Манчестер Јунајтед и израсна во еден од најдобрите англиски играчи за врска. Проблем е што само Лестер не е расположен да го продаде, а неодамна го продолжи договорот со Лисиците до летото 2021. година.
Покрај, Дринквотер, потенцијални мети за оваа позиција на Челси се Рос Баркли и Алекс Окслејд- Чембрлен.