Дома Топ вести Челзи ја постави цената за Азар – Реал го сака и Куртоа во „пакет“

Челзи ја постави цената за Азар – Реал го сака и Куртоа во „пакет“

Реал Мадрид веќе се фокусираше на доведување на Еден Азар од Челзи во кого гледа идеална замена за Кристиано Роналдо.

Иако и самиот фудбалер изрази желба да се пресели во Реал, сепак Челзи нема да го пушти така лесно. Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ ја одредиле цената за Белгиецот – 200 милиони фунти!

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Кралевите“ се спремни да започнат преговори и во нив да влезат со понуда од 170 милиони евра, што е максимална цена која Реал е спремен да ја плати. Меѓутоа, европскиот шампион ќе се согласи да плати 200 милиони фунти ако во „пакетот“ биде вклучен и Тибо Куртоа.

Куртоа одби да го продолжи договорот со „сините“ и ова е последна шанса Челзи да го продаде и заработи. Белгискиот голман наводно веќе се договорил со „кралевите“ и сака по секоја цена да се пресели во Мадрид.

Челзи е спремен да ги пушти двајцата фудбалери, но останува да видиме по која цена. Клучна улога треба да одигра Азар кој во наредните денови и официјално ќе побара трансфер од раководството, со цел да биде намалена неговата цена.

Преговорите наско ќе започнат, медимите се сигурни дека двајцата Белгијци ќе завршат на „Сантиаго Бернабеу“, само останува да видиме по која цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…