Раководството на Челзи е во потрага по нов голман откако стана јасно дека не може да го задржи Куртоа во своите редови.
Белгиецот веќе има договор со Реал Мадрид и се чека само „сините“ да ангажираат нов голман за да се официјализира неговиот трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најновите информации од Островот говорат дека Челзи започнал преговори за трансфер на 23-годишниот голман на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага.
Пред крајот на минатата сезона Кепа Аризабалага беше поврзуван со Реал Мадрид, но потоа реши да го продолжи договорот со Баскијците во кој има откупна клаузула од 80 милиони евра.
Билбао воопшто не сака да преговара за трансфер, но Челзи наводно е спремен да ја активира откупната клаузула.
Со тоа младиот Шпанец ќе стане нов најскап голман во историјата на фудбалот.
Chelsea are set to pay the €80m release clause for Athletic Bilbao goal-keeper Kepa Arrizabalaga. pic.twitter.com/2gwsCmD52F
— Transfer News (@TransfersLlVE) August 7, 2018