
Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Челзи.




Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
После одличниот настап на ЕУРО, Шпанецот се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Манчестер Јунатед, но сепак остана во Виљареал.




Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и во летото сакаше да го донесе Кунде од Севиља, но сега Пау Торес е примарна цел на „сините“.




Рудигер влезе во последната година од договорот и може да го напушти Челзи на крајот на сезоната, а „сините“ во Шпанецот гледаат идеална замена.




Раководството на „сините“ веќе стапиле во контакт со агентот на играчот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.