Хамес Родригез оваа зима најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид откако самиот потврди дека ги разгледува понудите кои пристигнале до него.
Колумбиецот е во втор план кај тренерот Зидан и не е задоволен од својот статус на „Сантиаго Бернабеу“, па самиот јавно потврди дека размислува за заминување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не можам да гарантирам дека ќе останам во Реал. Добив неколку интересни понуди“, изјави Родригез.
Ваквата изјава на Хамес Родригез ги налути челниците на Реал Мадрид кои сметаат дека тој само ја нарушува атмосферата во соблекувалната и му ја отворија излезната врата.
Интерес за Колумбиецот покажуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Интер, Арсенал и Челзи, но англиските медиуми се сигурни дека Хамес е најблиску до „Стенфорд Бриџ“.
Имено, „сините“ веќе работат на трансферот и се спремни за неговиот потпис да платат 75 милиони евра, сума која ќе ги задоволи барањата на „кралевите“.