Челзи ќе се обиде на лето да го донесе плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ, тврди каталонски „Спорт“, кој е добро информиран за случувањата во Барселона.
Ракитиќ наскоро ќе наполни 31 година, а Барса е спремна да го пушти бидејќи сака да го подмлади тимот и веќе го договори трансферот на Френки де Јонг од Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракитиќ и минатото лето беше на излезна врата, Барселона го убеди да остане, но не го исполни ветувањето и не му предложи нов договор.
Шпанските медиуми тврдат дека Каталонците веќе ја одредиле цената и за слободата на Хрватот бараат 90 милиони евра.
Челзи силно го посакува Ракитиќ, но тешко дека е спремен да ја плати таа сума. Наводно „сините“ се спремни да понудат 70 милиони евра плус бонуси.
? [SPORT] | Chelsea After Rakitic
? The English club is interested in signing him in June if Barça agrees to negotiate his departure
? The footballer reiterated his desire to continue: "I would like to renew and stay for many years" pic.twitter.com/z6cIr6xYAN
— BarçaTimes (@BarcaTimes) January 29, 2019