Приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат медиумите на Островот.
Нигерскиот напаѓач е главна мета на Челзи за летнито преоден рок поради неговите одлични настапи во Серија А каде што блеска сезонава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осимен не ја крие желбата дека сака да игра во Премиер лигата, но Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 100 милиони евра плус Пулишиќ и уште еден фудбалер по избор на Наполи.
Наполи ќе може да бира помеѓу Чалоба, Чофтус-Чик и Ходсон Одој, па останува да видиме дали италијанскиот клуб ќе ја прифати оваа понуда.