Дома Трансфер зона Челзи спреми понуда за Дибала

Челзи спреми понуда за Дибала

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е во трансфер списокот на Челзи, пренесува „Тутоспорт“.

Аргентинецот преговара со раководството на „бјанконерите“ за продолжување на соработката до 2025 година, а „сините“ од Лондон внимателно ја следат ситуацијата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Дибала во последните неколку години покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па Челзи е спремен да го „одврзе кесето“ за да го доенсе на „Стенфорд Бриџ“.

Италијанските медиуми тврдат дека Дибала не е во плановите на Андреа Пирло и дека е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда.

Челзи сака уште во јануари да го донесе Аргентинецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…