Хазард одбива да потпише за Челзи
Како што пренесува реномираниот англиски медиум „Тајмс“ ѕвездата на Челзи, Еден Азар одбил да го продолжи договорот со „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Тајмс“ клубот од Лондон на Белгиецот му понудил договор според кој би заработувал 350.000 гунти неделно или 18 милиони годишно, но Азар истиот го одбил.
Причина за ваквиот потег на Белгиецот наводно е интересот од Реал Мадрид. Покрај Азар гигнатот од Мадрид покажува и интерес за чуварот на мрежата на „сините“ Тибо Куртоа.
Азар во Челзи пристигна во 2012 година од француски Лил и од тогаш стана еден од најважните фудбалери во редовите на тимот кој сега го предводи Антонио Конте.